Дориев: Шкендија денеска ја стартува новата сезона, целта е враќање на титулата!

210

 

По онаа несреќна елиминација од АИК во фудбалска Европа, и тоа на пенали, Шкендија сега мора да се сврти кон домашните обврски.Па така денеска од 17 часот, на стадионот во Струга, тетовци како домаќини во меч од 2.коло ќе го дочекаат Силекс.

Се разбира дека силниот тим на Шкендија ќе оди по трите бода, тука нема дилеми, а тоа го потврдува и Љупче Дориев, еден од најдобрите фудбалери на Шкендија.

„Новата натпреварувачка сезона ја стартуваме со висока мотивација, а целта е единствена, враќање на титулата. Играме против Силекс, го респектираме, но Шкендија оди по трите бода. Јасно е дека имаме добра и компактна екипа, тоа се виде на европските мечеви.Покажавме дека имаме капацитет да се соочиме со било кој тим. Верувам дека денеска ќе одиграме како што игравме во квалификациите во Лигата на Конференции сезоната ќе ја отвориме со победа и три бода“посочи Дориев за клупскиот сајт.

ПретходноШпанија не е невозможна мисија, кадетите против „фуријата“ за втора радост (ЛИНК)
СледноАдеми за победата над Хајдук: Ова ми е еден од најдрагите голови, но немаме време за славење