Никој не го сака Роналдо: Интер и Милан категорично ја одбиле понудата за трансфер на ЦР7

296

Двата милански гиганти Интер и Милан ја одбиле понудата на менаџерот на Кристијано Роналдо за да разговараат за негова можна преселба на „Сан Сиро“. Како што објави новинарот Танкреди Палмиери во текот на вчерашниот ден менаџерот на Роналдо, Мендеш, телефонски разговарал со преставниците на двата клуба кои категорично му кажале дека не се заинтересирани за преговори.

Роналдо е во постојан обид преку својот менаџер да најде излез од „Олд Трафорд“ каде очигледно не сака да остане ни еден ден повеќе.

ПретходноАдеми за победата над Хајдук: Ова ми е еден од најдрагите голови, но немаме време за славење
СледноВојдан и во следните две сезони во дресот на МЗТ Скопје А.