Повратникот во Премиер лигата Нотингем Форест денеска го претстави третото засилување во период од 24 часа и 15-то се вкупно досега во летниот преоден рок. Нов фудбалер на „шумарите“ е швајцарскиот интернационалец Ремо Фројлер кој доаѓа од Аталанта за околу 9 милиони евра.
Со тоа Нотингем ја надмина границата од 100 милиони фунти за нови фудбалери, но не планираат да застанат тука. Пикирале уште еден швајцарски репрезентативец, а тоа е Џибрил Соу кој игра за Ајнтрахт Франкфурт. Исто така целат и на Хосем Оар кој игра во Лион.
Во претходните 24 часа Нотингем ги ангажираше Емануел Денис од Ватфорд (20 милиони фунти) и Шеик Кујате, екс-играчот на Вест Хем и К.Палас кој доаѓа како слободен играч.
Ова лето Нотингем го засилија уште Авонији, Неко Вилијамс, Орел Мангала, Муса Ниакате, Жилиен Бјанконе, Омар Ричардс, Луис О’Брајан, Хари Тофоло, Агулера, Џеси Лингард, Вејн Хенеси и Дин Хендерсон.