Од Барди до Манев, седум наши репрезентативци кои сезонава ќе играат во турската Суперлига!

3906

Полека но сигурно Турција, односно фудбалска Турција станува ветена земја за нашите фудбалери. Имено ако пред неколку години таму беше само Адис Јаховиќ, се разбира две сезони и Елиф Елмас, секако и Ердон Даци, сега веќе дури седум наши репрезентативци се во турската Суперлига, но ниту еден не е од овие тројца споменати.

Имено Јаховиќ се пресели во Бодрумспор, тим од втората лига на Турција.

Енис Барди пред два дена со потписот за Трабзонспор само ја зголеми колонијата на наши репрезентативци, членови на А-селекцијата или на младинските селекции. Тој ќе игра за шампионот.

Езџјан Алиоски ова лето беше желба на сите турски гиганти, со сите преговараше, но се одлучи да ја прифати онаа на Фенербахче.

Валон Етеми, напаѓачот кој со својот Истанбулспор влезе во Суперлигата и годинава ќе игра, и веќе игра, во елитата.

Лука Станковски, некогашниот мега – талент на Работнички веќе 7-8 месеци е во Газијантеп, оваа сезона конечно би требало во целост да го искаже сиот свој потенцијал.

Бесар Гуџуфи, големиот талент на мак – фудбалот, пред извесно време направи сензационален трансфер од Беласица во Бешикташ. Прво беше во младинскиот состав а сега е регистриран за првио тим на “црно – белите“ од Истанбул.

Арда Окан Курталан, за кого Турците му нудеа богатство да игра за нив, но тој се реши за Македонија, направи трансфер од Фенербахче во Адана Демирспор. Секако дека сезонава ќе добие соодветна минутажа во Суперлигата иако има само 19 години.

Јован Манев, стоперот кој летово направи голем трансфер од Брегалница за наши услови, исто така ќе игра во Адана Демирспор. И тој очекува минутажа за својот нов тим.

Ете, тоа се тие седуммината репрезентативци на Македонија поради кои и за нас турската Суперлига ќе биде супер интересна.

ПретходноПрва победа на Нотингем по враќањето во Премиерлигата! (ВИДЕО)
СледноПерфекција за крај: Кадетите ја освоија Рига и заверија виза за ЕП и СП!