Македонската кадетска репрезентација од Рига си оди со пехар, откако во финалето на ЕХФ шампионатот ја совлада Швајцарија со 24-22. Со перфетните пет од пет, нашите момци обезбедија пласман на ЕП 2024 година и СП следната година.
Давид Брестовац беше прогласен за играч на мечот од редовите на Македонија. Димковски имаше седум гола, еден помалку запиша Петковски, Кајалџиески запиша четири погодоци.
Првите неколку минути од мечот им припаднаа на Швајцарција, беа во гол позитива. Нашите момци со два гола во низа го превземаа водството (5-4) во 12 минута, пропуштија неколку шанси да го зголемат. Тоа им успеа неколку минути подоцна, со серија од 3-0 поведоа со 9-6, ја искористија предноста од играч повеќе. По 10-7, Швајцарија успеа да израмни, казни неколку наши грешки, но Брестовац беше на ниво на задачата, па Македонија на одморот замина со позитива од три гола 13-10.
На самиот старт на второто полувреме со Димковски дојдовме на плус четири (14-10). Токму по овој погодок доби две минути исклучување, Швајцарија израмни на 14-14, а Брестовац спаси три напади за водство на противникот. Во 40 минута, Димковски заработи повреда.
Калајџиески ја прекина црната низа на Македонија, која траеше десет минути (15-14). Дуелот влезе во израмнета битка, се играше гол за гол, со тоа што Швајцарија го превзема водството, беше чекор напред кон победата. Не ги користевме дадените шанси, противникот во последните осум минути влезе со позитива од 20-22, најголемиот во досегашниот дел на натпреварот.
Шулески намали на 21-22, Димковски не успеа да израмни, но во следните два напади се поправи за 23-22 на три минути до крајот. На другата страна Швајцарија не реализираше, Македонија преку Валентин Карасманакис ја потврди победата 24-22.