ПМФЛ: Стружани на гости во Штип, Работнички против “пандевци“ по трите бода

187

 

Денеска се играат четири натпревари од 2.коло во ПМФЛ. Во центарот на вниманието ќе биде дуелот во Штип,каде Брегалница и Струга Трим Лум ќе ги одмерат силите.Тоа се две екипи кои минатиот викенд одушевија со својот настап и победи. И Брегалница и Струга ТЛ имаат големи амбиции оваа сезона,имаат одлични тимови, се разбира дека попладне од 17 часот во Штип тоа ќе биде вистинско дерби.

Работнички на Арената го дочекува составот на А.Пандев. Тимот од Градски парк секако дека ќе оди на победа, по она што се случи минатиот викенд во Кратово, се разбира дека два порази по ред за тимот на стратегот Љупчо Марковски, ќе биде премногу.

Победа игра со Тиквеш, меч кој и двете екипи посакуваат во најмала рака да не загубат. Тука нема фаворити.

Но затоа фаворит е Шкендија на мечот со Силекс во Струга. Од друга страна кратовци ќе сакаат да ја искористат депримираностана тетовци по онаа несреќна елиминација од Европа на пенали.

Вчера Шкупи со 2:1 ја победи Македонија ЃП,а тимот на Скопје е слободен ова коло.

ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)

ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ

ПРИЛЕП: ПОБЕДА – ТИКВЕШ

СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – А.ПАНДЕВ

СТРУГА: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС

СКОПЈЕ (СЛОБОДНО)

ВЧЕРА:ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1

ПретходноЧави се пожали од Столе и Рајо, но и го пофали Димитриевски!
СледноДен за финале: Кадетите против Швајцарија по виза за ЕП и СП (ЛИНК)