Светот на фудбалот зборува за новиот срам на Јунајтед, но и за потегот на Роналдо

1109

Манчестер Јунајтед доживеаја вистински дебакл и во 2. коло од новата премиерлигашка сезона, откако на гостувањето кај Брентфорд беа поразени со убедливи 4:0.

Кристијано Роналдо се вклопи во сивилото на остатокот од тимот, а и по крајот на натпреварот Португалецот беше во центарот на вниманието поради своите постапки.

Лутиот Роналдо одби да ги поздрави навивачите по натпреварот. Тој ладнокрвно помина покрај нив додека го поздравуваа и уште еднаш покажа дека навистина не се грижи за нив.

Исто така, ЦР не се поздрави со менаџерот Ерик тен Хаг. Тој помина покрај него и многумина веруваат дека тоа е јасен знак дека Португалецот не сака да остане во клубот ниту секунда.

По натпреварот, менаџерот Ерик тен Хаг објави дека нема квалитетни играчи за да направи нешто повеќе со Јунајтед.

ПретходноСтигна објаснување за чудното однесување на Мбапе, кој во еден момент замавна со рацете и застана (ВИДЕО)
СледноСтоле продолжи да ја „тероризира“ Барса, ги исмеваше Левандовски, Рафиња, Дембеле…