Дури сега на “Камп Ноу“ се каат и тоа како зошто во зимскиот преоден рок не го ангажираа Македонецот, голманот Столе Димитриевски. А речиси се беше готово, Столе беше на преговори,ги прифати условите, но работата не бидна.
И тој остана во Рајо и продолжи да ја “тероризира“ Барселона, својот несуден клуб. Не знаеме сигурно, но Столе е веројатно единствениот голман во светот кој на три меча по ред, официјалани и првенствени, на кои не примил гол од Барселона, од кои два на “Камп Ноу“. Значи Столе нема примено гол цели 270 минути од Барса, па и повеќе ако тука ги ставиме и судиските продолженија на сите три меча на кои имаше и одбранети пенали.
Но нешто друго се знае, а тоа дека Столе направи чудо кое траеше половина век, а тоа е во два меча едно по друго да не примиш гол на “Камп Ноу“. И тој е само четвртиот голман што го направил тоа во историјата на “Камп Ноу“.
Токму тоа е тој „терор“ кој Столе го спроведува кон еден од најголемите клубови во светот.
И синоќа беше фантастичен. Дури 10 одбрани, просто ги излуде сите ѕвезди на Барса, додека напаѓачите Левандовски, Рафиња, Дембеле, Обамејан просто го исмеваше.
Фасцинантно е како тоа Македонецот синоќа се однесуваше на “Камп Ноу“,мирен, сталожен, со верба во себе дека Барса не му може ништо.
Бајката на Столе продолжува.