Фиорентина забележа победа над Салернитана со 3:2 во 1. коло на италијанската Серија А и тоа благодарение на гол во петтата минута од судиското продолжение. Поведоа „виолетовите“ со голот на Бонавентура, но изедначи Окереке во 19. минута. Во 34 минута Лука Јовиќ стрела за водство на Фиорентина од 2:1. Пред крајот на полувремето гостите останаа со играч помалку поради црвениот картон на Ескаланте.
Бајнкети во 68. минута изедначи на 2:2, па се до петтата минута од судиското продолжение резултатот не се менуваше, а тогаш голманот Раду не успеа добро да ја процени топката и влезе со се неа во голот со што им донесе три бода на домашните.
ПОБЕДНИЧКИОТ ГОЛ НА ФИОРЕНТИНА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ
А Лацио ја совлада Болоња со 2:1. Уште во 6. минута римската екипа остана со играч помалку поради играње со рака на голманот Максимилијано надвор од шеснаесетникот. Во 38 минута со голот од пенал на Арнаутовиќ екипата на Болоња дојде во предност. Тренерот Сари мораше да прави претумбации за неговиот тим да изгледа офанзивно во вториот дел. Во финишот на првото полувреме Болоња остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Сумаро (втор жолт картон).
Во 68. минута преку автоголот на Ди Силвестри и во 79. минута со голот на Имобиле екипата на Лацио ги освои бодовите.