Барселона потроши 150 милиони евра за нови засилувања, но на стартот на новата Ла Лига сезона не успеа да слави дома против Рајо Ваљекано. Нервозен по синоќешниот меч, тренерот на Каталонците Чави разговарал со управата на клубот за доведување уште нови засилувања.
Како што пишуваат локалните медиуми, чави истакнал дека до крајот на летниот преоден рок управата мора да му купи нов десен бек. Покрај него, Чави го чека и доаѓањето на Маркос Алонсо кој е договорен, но се надева дека управата ќе го договори и Бернардо Силва.
Со овие три нови имиња, Чави ветил дека Барселона ќе има конкурентен тим да го нападне тронот.