Чави се пожали од Столе и Рајо, но и го пофали Димитриевски!

807

Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски повторно се покажа како таличен за Барселона. Во својата трета средба против каталонскиот гигант, мрежата на Рајо Ваљекано мируваше благодарение на Македонецот.

Столе на крајот беше прогласен за најдобар играч на мечот на „Камп Ноу“. Нерешенитр 0-0 беа големо разочарување за тренерот на каталонскиот гигант, Чави Хернандез.

„Рајо се бранеше многу добро, нивниот голман имаше неколку успешни интервенции. Штета затоа што сакавме да им покажеме на луѓето дека сме на вистинскиот пат. Тоа е разочарување, но бараме трпение“, рече Чави, кој се пожали на фер-плејот.

„Губењето време станува смешно. Фудбалот треба да има ефективно време. Ние сме единствениот спорт што го нема тоа. УЕФА секогаш го брани фер-плејот. Рајо потроши многу време на неспортски начин и тоа ни ги отежна работите“.

ПретходноСтоле продолжи да ја „тероризира“ Барса, ги исмеваше Левандовски, Рафиња, Дембеле…
СледноПМФЛ: Стружани на гости во Штип, Работнички против “пандевци“ по трите бода