Mурињо и неговата Рома славеа во Салерно (видео)

206

Со голот на дефанзивниот играч за врска Брајан Кристанте во 33 минута екипата на Рома ја совлада Салернитана во гости со 1:0. Засилената екипа на Мурињо ги освои планираните бодови, а можеше да слави и поубедливо затоа што имаше поконкретни шанси. Во првиот тим беше и Пауло Дибала кој во текот на мечот ја погоди стативата, играа и новаците Патрисио, Матиќ, Вајналдум.
Идното коло Рома за противник го има Кремонезе и шанса да се впишат нови бодови, а потоа следува и супер мечот со Јувентус во Торино (27 август).

Паралелно играа Специја и Емполи, а победи домашната екипа со 1:0 со гол на Нзола во првото полувреме.
ПретходноНотингем го претстави 15-тото засилување ова лето!
СледноМилак го освои европското злато на 100 метри пеперутка