Александар Љафтов една година во дресот на Ал-Ибтисам од С. Арабија

361

По една сезона помината во италијанската Суперлега во дресот на екипата на Равена, македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов ја менува средината и заминува на Блискиот Исток.

Љафтов кој летово имаше неколку примамливи понуди за продолжување на кариерата ја прифати онаа која дојде од Саудиска Арабија. Тој вчера потпиша едногодишен договор со еден од најдобрите клубови во азиската земја, Ал-Ибтисам каде ќе се обиде да ја врати формата и подготвен да го дочека Европското првенство кое следната година ќе се одржи и во Македонија.

Ал-Ибтисам минатата сезона го освои 6. место во Суперлигата на С. Арабија, а годинава со ангажманот на Љафтов има многу поголеми амбиции.

ПретходноНа Нејмар му е преку глава од Мбапе: Бразилецот може да предизвика хаос во Париз!
СледноШпанија не е невозможна мисија, кадетите против „фуријата“ за втора радост (ЛИНК)