Де Јонг е јасен: Ако треба да си оди од Барса ќе се пресели само во Челзи

451

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг одлучил дека Челзи е неговата посакувана дестинација доколку ги напушти Каталонците во последните недели од летниот преоден рок, тврди Телеграф.

25-годишниот Холанѓанец беше главна цел на Манчестер Јунајтед, кој сака повторно да го обедини Де Јонг со менаџерот Ерик тен Хаг, откако парот заедно работеше во Ајакс. Сепак, Де Јонг јасно ставил до знаење дека „Стемфорд Бриџ“ е неговиот единствен избор.

Неговата ситуација во Барса е комплицирана поради фактот што клубот му должи на холандскиот репрезентативец повеќе од 17 милиони фунти за одложени плати во време на пандемијата.

Барселона е подготвена да го продаде Де Јонг доколку се постигне компромис.

ПретходноПандев, Васоски, Кировски, Ангелов…на трибините на Арената! (ФОТО)
СледноПМФЛ: „Пандевци“ го растурија Работнички, силна е оваа Струга ТЛ, Силекс до бод со Шкендија, Кавадарци слави во Прилеп!