Да, Прилеп е фудбалски град, по околу 12 години одново се играше прволигашки фудбал на “Гоце Делчев“ каде попладнево имаше 5.000 фанови. Сепак Тиквеш со голот на Мишов успеа да дојде до големи три бода за кавадаречка радост среде Прилеп.
Шкендија пак беше шокирана од Силекс. Тетовци имаа водство од 1:0, со голот на Елези, се до судиското продолжение кога Љамалари со шут со глава успеа да донесе израмнување и бод за кратовци, за конечни 1:1.