ПМФЛ: „Пандевци“ го растурија Работнички, силна е оваа Струга ТЛ, Силекс до бод со Шкендија, Кавадарци слави во Прилеп!

1461

Завршија сите попладневни натпревари од 2.коло во ПМФЛ. Работнички – А. Пандев 0:5, резултат кој звучи чудно, но сепак треба да се каже дека составот на Љупчо Марковски – Калц одигра очајно, посебно во одбраната. Не е оправдување ни тоа што не им беа покажани два чисти пенали. Струмичани едноставно одиграа како што треба да одигра квалитетен состав. Томовски, автогол на Јанакиевски и три гола на Крстевски, тоа беа стрелците на овој натпревар одигран на Арената во Скопје.

Шкендија во Струга, со голот на младиот Дашмир Елези водеше со 1:0 против Силекс, но Љамалари во 90.минута успеа да израмни на 1:1 и да ги шокира тетовци. Голем бод за кратовци.

May be an image of 1 person and outdoors

Тиквеш со голот на Мишов дојде до три бода среде Прилеп, каде во убава атмосфера пред околу 5.000 гледачи се играше добар меч.

Силна е оваа Струга ТЛ. Со голот на Хоган Укпа во 87.минута четата на Срѓан Захариевски дојде до голема победа и тоа среде Штип со 0:1.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 2.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – А.ПАНДЕВ 0:5

(/Томовски 10., Јанакиевски (авт) 24., Крстевски 44., 52., 90.)

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1:1

(Елези 17./Љамалари 90.)

ПОБЕДА – ТИКВЕШ 0:1

(/Мишов 45.)

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0:1

(Укпа 87.)

ВЧЕРА:

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1

(Трапановски 67., Реналдо 70/Скендери 87/)

СКОПЈЕ (слободен)

ПретходноДе Јонг е јасен: Ако треба да си оди од Барса ќе се пресели само во Челзи
СледноКадетите со порака од Рига: Секогаш со срце за Македонија