Полувреме: “Пандевци“ убедливи на Арената, Работнички оштетен за два пенали, водат и Шкендија и Тиквеш!

388

Работнички- А. Пандев 0:3 е резултатот по првите 45.минути на Арената во Скопје. Струмичани едноставно си ги искористија сите свои шанси, сите слабости на катастрофалната одбрана на домашниот состав. Томовски, автогол на Јанакиевски и Крстевски беа стрелците за гостите кои заслужено водат.

Сепак треба да се каже дека Работнички во два наврати беше оштетен, кога судијата Пилешков не покажа на белата точка за домашните при резултат 0:2.

Шкендија со убавиот гол на младиот Дашмир Елези во Струга, води со 1:0 против Силекс. Тетовци играат во комбиниран состав, додека кратовци до тоа водство на Шкендија одлично парираа, имаа и шанса за гол.

Води и Тиквеш среде Прилеп и тоа со голот на Мишов во 45.минута.

Во Штип во интересен меч меѓу Брегалница и Струга ТЛ мрежите мируваат, засега резултатот е 0:0.

ПретходноПерфекција за крај: Кадетите ја освоија Рига и заверија виза за ЕП и СП!
СледноПандев, Васоски, Кировски, Ангелов…на трибините на Арената! (ФОТО)