Чави Хернандез е статистички најслабиот тренер на Барселона во изминатите 20 години

190

Барселона имаше лош старт на новата сезона во шпанската Ла Лига. На полн стадион Камп Ноу, каталонскиот гигант ремизираше со Рајо Ваљекано (0:0), и на оваа средба македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски го имаше главниот збор.

Избраниците на Чави Хернандез доминираа на овој натпревар. Сепак, и покрај нивната напаѓачка моќ, тие не успеаја да ја погодат мрежата на Димитриевски, кој имаше осум одбрани на оваа средба.

Чави има големи амбиции со Барселона. Сепак, минатата сезона заврши со разочарување исто како и оваа, а самиот Чави не блеска како тренер.

Овој 42-годишен тренер статистички е најслабиот тренер на Барселона во изминатите 20 години. На 38 натпревари оствари 20 победи, 10 нерешени и осум порази.

Гледајќи го процентот, Чави моментално има „само“ 52,63 проценти од победите, статистички е најслабиот тренер на каталонскиот гигант во последните две децении.

Дури и неговите претходници кои беа буквално исфрлени од клубот поради лошите игри – Роналд Куман и Кике Сетиен – имаат поголем процент на победи од него. Куман, кого во ноември минатата година на клупата го наследи Чави, има победнички процент од 58,21%, а Сетиен има одлични 64% победи.

Процентуално, во изминатите 20 години, најуспешен тренер на тимот од „Камп Ноу“ е Луис Енрике, кој победил во над 76 отсто од натпреварите (76,24%), потоа Тито Виланова (75,56%) и Пеп Гвардиола 75,16 %.

По вчерашниот натпревар Чави најде причини зошто неговиот тим не победи.

„Мораме да ја подобриме ефикасноста и да најдеме начин подобро да ги искористиме шансите што ги создаваме. Ми се допаѓаат високите очекувања и притисокот, не барам изговори и нашата цел е да освојуваме титули. Сепак, заморно е да се чита се што е напишано. Кога победуваме сме најдобри, а кога не успеваме во тоа, тогаш се бара начин се да се уништи“, изјави Чави по мечот.

ПретходноСтоле е МВП на дуелот на „Камп Ноу“: Задоволство е кога тим како Барса нема да ви даде гол!
СледноСтигна објаснување за чудното однесување на Мбапе, кој во еден момент замавна со рацете и застана (ВИДЕО)