Шпанија не е невозможна мисија, кадетите против „фуријата“ за втора радост (ЛИНК)

218

По две одиграни кола на Европското првенство А Дивизија кое се одржува во Скопје, Македонија има победа и пораз. Вчера нашите надежи беа убедливо совладани со 44-74 од Грција, лидерот во групата Д.

Денеска „црвено-жолтите“ ќе имаат шанса да се вратат на победничките патеки, но и во следната рунда да одат од втората позиција на табелата. Шпанија е следен противник. Оваа репрезентација во други генерации е фаворит, но во Скопје до сега „фуријата“ не покажа квалитет. На стартот беше исто убедливо совладана од Грција, а вчера на сметка на очајната Црна Гора дојде до првата победа.

Токму ваквата игра на Шпанија не ја става Македонија во подредена улога, време е момците да покажат дека не случјано го носат дресот на својата држава, имаат желба и најважно се големи борци. Останува нивниот тренер, Апостолски Лечиќ да ја подготви победничката тактика за денешната средба, а неговите момци да ги намалат изгубените топки, кои вчера ја стигнаа бројката од 30, но и да го подигнат шутот за реализација од линијата за слободни фрлања.

Дуелот меѓу Македонија и Шпанија е закажан со почеток во 18:45 часот во салата “Кале“.

ПретходноАлександар Љафтов една година во дресот на Ал-Ибтисам од С. Арабија
СледноДориев: Шкендија денеска ја стартува новата сезона, целта е враќање на титулата!