Младиот македонски стратег Вангел Алтипармаковски од денеска е нов тренер на екипата на Ховд Вестерн од Монголија.
Станува збор за тим од најелитната конкуренција на оваа земја, каде Алтипармаковски замина по ново искуство и предизвик во тренерската кариера. Тој претходно работеше како тренер на младите категории во скопски Работнички, а беше и асистент во првиот состав на дебармаалци.