Над 70.000 навивачи на Челзи потпишаа петиција против судијата Ентони Тејлор. Тие не сакаат тој да ги суди нивните натпревари во иднина, по „бламажата“, како што го нарекоа неговото судење на мечот против Тотенхем.
Навивачите на Челзи го искажаа својот гнев поради одлуките што ги донесе судијата Тејлор на мечот вчера, кога гостите двапати го израмнуваа резултатот, а судијата не виде очигледни прекршоци врз фудбалерите на Челзи.
Описот на петицијата кој ај апотпишуваат фановите на „сините“ гласи: „Ентони Тејлор продолжи да носи големи одлуки против Челзи во текот на годините на големите натпревари. Тејлор има агенда против Челзи и не треба да му се дозволи повторно да суди натпревар во кој е вклучен нашиот клуб“.