Синоќа екипата на Виљареал го објави потписот на Џовано Ло Селсо, кој во редовите на „жолтата подморница“ доаѓа како позајмен од Тотенхем. Шпанскиот клуб се согласи на нова позајмица за аргентинскиот играч за врска, која не вклучува опција за купување.
Ако некој клуб сака да го купи Ло Селсо во јануари, Виљареал ќе го загуби аргентинскиот репрезентативец, а Спарс ќе го продаде ако добие вистинската понуда.
Ло Селсо сакаше да остане во Виљареал, а Унаи Емери го направи приоритет на трансфер листата ова лето. Аргентинецот и во вториот дел од минатата сезона играше како позајмен во „Ла Керамика“, при што настапи на вкупно 22 натпревари на кои постигна еден гол.