Навивачите на Манчестер Јунајтед се очајни да видат како Глејзерс го продаваат својот клуб, но ќе бидат потребни многу пари за Американците да си заминат.
Поранешниот член на управата на Јунајтед, Мајкл Најтон, кој се обиде да го купи клубот во 1989 година, неодамна тврдеше дека сака да состави конзорциум за да го купи Јунајтед од Глејзерс. Сепак, и тој е свесен дека тоа нема да биде евтино, бидејќи американските газди се подготвени да го продадат клубот, но само за сума од пет милијарди евра.
Гневот на навивачите кон семекството Глејзерс се влошија во последниве години, поради тоа што теренот и објектите на „Олд Трафорд“ и клупскиот тренинг полигон се распаѓаат без никакви инвестиции, а настапот на првиот тим е очаен.