Гури го заврши договорот и си замина од Шкендија

620

28-годишниот албански напаѓач од екипата на Шкендија, Синдрит Гури повеќе не е дел од тетовските „црно-црвени“. Гури и официјално го заврши договорот со Шкендија по што си замина од тимот.

Тој и вчера не беше во составот на тетовскиот тим за дуелот со Силекс во рамките на 2. коло од ПМФЛ, кој за тетовци, практично, беше прв натпревар во новата сезона. Гури имаше договор со Шкендија да ги одигра европските натпревари ова лето, па сега како слободен фудбалер ќе се преслеи во нова средина.

Според дел од шпекулациите за Гури има интерес од екипи од Романија и Турција, а како еден од најзаинтерсираните тимови е и албанската екипа Партизани од Тирана.

ПретходноДарио Ивановски денеска ја преставува Македонија на ЕП во атлетика
СледноСудиска анализа: Пилешков не досуди два пенали за Работнички