Дарио Ивановски денеска ја преставува Македонија на ЕП во атлетика

92

Само две седмици по одржувањето на светското првенство во Јуџин (САД), од денеска па во наредните седум дена, Минхен ќе биде домаќин на Европското првенство во атлетика. Македонија на шампионатот на Стариот континент има само еден преставник во името на нашиот најдобар тркач на долги патеки, Дарио Ивановски, кој уште денеска ќе се појави на маратонската трка во машка конкуренција.

Според распоредот, машкиот маратон почнува во 11:30 часот по македонско време, а Дарио Ивановски е еден од 79 маратонци кои ќе се појават на стартот. Според времето со кое е пријавен, нашиот маратонец има најслаб резултат од сите учесници, но тоа е само причина повеќе Дарио да се обиде да се надмине себеси и да се фати во битка со конкуренцијата.

ПретходноЧурлинов денеска на прегледи во Барнли, па потпис на договорот
СледноГури го заврши договорот и си замина од Шкендија