Ентони Тејлор е непожелен на следните мечеви на Челзи: Од кога е дозволено влечење за коса?!

517

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел изјави дека судијата Ентони Тејлор не треба да ги суди натпреварите на Челзи во иднина. Тој истакна дека е бесен по мечот со Тотенхем и има чувството дека судиските одлуки ја чинеа неговата екипа победа на мнечот од 2. коло во новата сезона.

Хари Кејн ја скрати радоста на „сините“ со гол во последните секунди од дополнителното време за игра, откако израмни на 2:2. Веднаш по натпреварот, Тухел беше исклучен по неговата расправија со менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте.

„Не знам зошто имаме и ВАР. Претпоставува за да помогнеме да се донесат правилни одлуки. Од кога тоа може да се влечат играчи за коса? Ако не го видел тоа, не го обвинувам – не видел, но имаме луѓе во ВАР кои го проверуваат тоа, а потоа може да дојде и да го види. И како тоа да не биде слободен удар, а потоа и црвен картон? Како?“, се прашуваше Тухел по мечот.

ПретходноВиљареал го позајми Ло Селсо од Тотенхем на уште една сезона
СледноЧурлинов денеска на прегледи во Барнли, па потпис на договорот