И Барди со Трабзон отпатува за Копенхаген!

370

Утре вечер во првиот меч од плеј-офот во Лигата на Шампионите, турскиот шампион му гостува на Копенхаген, натпревар кој се игра главниот град на Данска.

И дефинитивно нашиот репрезентативец Енис Барди ќе биде еден од адутите на Трабзон на последната пречка за влез во групите во ЛШ. Тој е во експедицијата на турците кои утринава со специјален чартер отпатуваа за Копенхаген.

Се очекува Енис Барди своето деби за својот нов клуб да го има токму утре, во еден од најважните мечеви за Трабзон во новата сезона.

Image

ПретходноНад 70.000 навивачи на Челзи потпишаа петиција против судијата Тејлор
СледноИвановски не го заврши маратонот во Минхен