Луис Суарез, легендарниот уругвајски фудбалер по повеќе од една деценија се врати во својот матичен клуб Национал. Беше пречекан како божество, но дечкото очигледно е дека деновиве доживува цивилизациски шок. Тој во Европа играше и за Ајакс, Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид и јасно е дека во овие клубови условите се фантастични, пред се тука мислиме на соблекувалните.
А како фудбалер на Национал тој мора да гостува кај клубови кои немаат услови на кои се навикнал Суарез. Викендов Национал играше на гости кај уругвајскиот Ливерпул и кога Суарез ја виде соблекувалната на домашниот тим просто се шокира и сигурно си помисли…
„Каде ли се вратив, ова е соблекувална или штала!?“…