Фото на колото: Прилеп е најфудбалскиот град во Македонија!

1367

По цели 12 години Победа вчера одигра прволигашки натпревар на својот стадион “Гоце Делчев“ или Градски под Маркови Кули. Гостуваше Тиквеш, глемиот спортски ривал, но и големиот спортски пријател. И на трибините најмалку 5.000 гледачи, нема што, прилепчани се желни за Прва лига, за силна Победа, за големи фудбалски натпревари.

Убава, прекрасна атмосфера вчера на “Гоце Делчев“, но на крајот немаше радост, Тиквеш со голот на Мишов успеа да дојде до трите бода.

И кога е така тогаш секако дека за фото на 2.коло во ПМФЛ, ја прогласивме оваа како “крца“ главната трибина на „Гоце Делчев“.

ПретходноЖарко Пешевски: Самиот сакав да се уверам што значи Е. Пелистер за Битола!
СледноЕлмас и Наполи со убедлива победа ја отворија сезоната (видео)