Јончевски со 13 кошаркари замина на тест со Црна Гора

268

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија утрово замина за Бар, каде утревечер ќе ја има првата и единствена проверка во текот на августовските подготовки за дуелите на 25-ти и 28-ми август во претквалификациите за ЕП 2025.

Новиот селектор на нашата најдобра репрезентација, Алекандар Јончевски на пат за Црна Гора одбра 13 кошаркари, односно сите оние кои се појавија на почетокот на подготовките и ја одработија првата работна седмица во Маврово.

Во тимот кој го предводи капитенот Војдан Стојановски се уште и: Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, како и младите сили како Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.

Натпреварот со Црна Гора стартува утревечер од 19 часот, а ќе се игра во спортската сала „Тополица“ во Бар.

ПретходноСудиска анализа: Пилешков не досуди два пенали за Работнички
СледноИ Тен Хаг кренал раце: Манчестер Ј. може да му го раскине договорот на Роналдо