Кристијан Јордановски и Ахмет Реџепи се новите фудбалери на ФК Беласица, кои ја засилуваат стоперската позиција.
Јордановски (23) ни доаѓа од ФК Слога Виница, а во минатото бил член и на ФК Тетекс, ФК Плачковица, ФК Пехчево, ФК Брегалница Штип, ФК Вардaр и ФК Македонија Ѓ.П, додека пак Реџепи (21) настапуваше за екипите на Беса, Шкупи, Њу Старс и Металург.
Претходно Беласица се засили со искусниот Серафимовски, Митрев, Купанов и Симевски.