Македонската ракометна кадетска репрезентација со злато се враќа од ЕХФ шампионатот кој се одржуваше во Рига. Нашите момчиња во финалето ја совладаа Швајцарија и после долго време отвори порти кон елитните натпреварувања. Македонија следната година ќе игра на Светско првенство, додека во 2024 година ќе биде дел од Европското првенство.
Во текот на целиот шампионат држеа лекции за храброст, достоинственост и скромност. На крајот сето ова им донесе златен медал. Но, не застанаа на свечената церемонија покажаа колку ја сакаат својата земја, иако домаќинот ја прекина химната, тие до крај ја испеаја на цел глас. И пред да си заминат од салата ја „светнаа“ соблекувалната.