Лука Модриќ испиша историја во Реал Мадрид на две недели пред да ја заокружи бројката од десет години во „кралскиот“ тим. Влегувајќи на полувремето против Алмерија, кој Реал го доби со 2:1, тој го одигра 436-от натпревар за својот тим. Со тоа Модриќ се искачи на 17. место на играч со најмногу настапи за Реал, надминувајќи го најдобриот стрелец во историјата и неговиот познат поранешен соиграч, Кристијано Роналдо.
За 435 натпревари за Реал му требаше една година помалку од Модриќ. Спомнатата бројка Роналдо ја достигна за девет години во Реал, од кои си замина во 2018 година. Пред Модриќ со 450 одиграни натпревари сега се наоѓа Емилио Бутрагуено, легендата клубот кој во моментот ја врши функцијата на спортски директор.