Како што дознава „Спортмедиа“, А. Пандев е на пат да обезбеди уште едно големо засилување во своите редови. А тоа е Ѓорѓи Стоилов, играчот за врска кој има еден настап и за нашата најдобра репрезентација. Искусниот “везњак“ по заминувањето од Шкупи во моментов е без клуб, има договор со “пандевци“, тренира со нив деновиве, но сепак чека во случај во последен момент ако излезе нешто за надвор од Македонија. Сепак како што велат нашите информации, тој до крајот на неделата би требало да стави потпис за “пандевци“.
Да потсетиме дека пред Стоилов минатото лето токму од А. Пандев направи трансфер во Зира (Азербејџан), потоа во јануари се пресели во Шкупи, а сега на ред е враќање во А. Пандев, во тимот каде што беше и капитен.
Со него, како и со ангажманот на Цикарски и Најденов, како и со враќањето од повредата на Митровски, нема дилеми дека А. Пандев ќе има навистина квалитетен тим кој ќе се бори за врвот на табелата во ПМФЛ.