Да се победи Работнички на негов терен и тоа со 0:5, да се спреми својот тим максимално и тактички и психички, да му се даде шанса на еден Ване Крстевски кој има само 19 години, а постигна хет-триик, е тоа навистина е тренерска умешност. Токму затоа според „Спортмедиа“ Ѓорѓи Стојчев, стратегот на А. Пандев е и тренер на колото.
Факт е дека иако млад, има само 36 години, Стојчев и во пролетниот дел од минатата сезона го искажа сиот свој тренерски талент. А.Пандев со него доби многу на клупата.
Дечкото си ја знае својата работа.