Радовиќ: Очекувам машка борба во Струга!

84

Пелистер денес го започнува својот настап на јубилејниот педесетти турнир во Струга. Низ историјата трофејот од овој турнир дванаесет пати завршувал во корист на битолскиот тим, кој ќе допатува во едно поинакво „руво“.

„Турнирот во Струга ни е идеален турнир да се подготвиме за она што ни следи: Суперкупот и СЕХА лигата. Тоа ќе биде убаво искуство. Таму имаме пријатни спомени, игравме одлични натпревари во Струга. Некои ги добивме, некои ги загубивме. Очекувам одлична подготвителна недела. Ги знаеме сите екипи кои доаѓаат. На овој турнир се гледаме себеси и цел ни е да се подготвиме на овој нов систем и на тоа што ни следи наскоро.
Ќе биде квалитетен турнир, како и секоја година. Има квалитетни домашни екипи, квалитетни се и странските екипи и очекувам машка борба и многу квалитетни натпревари“, изјави капитенот Мирко Радовиќ.
Новиот тренер на Пелистер ќе има шанса да види до каде е тимот пред дуелот со Мешков Брест за место на Ф4 во СЕХА-лига.

„Возбудени сме што ќе гостуваме во Струга. Од моите пријатели слушнав дека се работи за квалитетен турнир со долга традиција. Доаѓаат многу добри тимови и тоа е одлично за нас. Ни треба таква силна конкуренција да ја воиграме екипата пред натпреварот против Мешков Брест. Се бориме со времето, бидејќи немаме многу време. Очекувам од натпревар во натпревар во Струга да бидеме подобри и само подобри. За мене важен е напредокот, а не финалниот пласман.

Сите екипи се квалитетни и сите ги респектираме. Но, ние нема да мислиме на нив, туку само на нас и на воигрувањето. Имаме многу нови играчи и веројатно ќе ни треба време да дојдеме до вистинскиот Пелистер“, изјави Ларс Валтер. 

ПретходноТопката леташе кон него, Пелегрини ги импресионираше навивачите (ВИДЕО)
СледноМедведев за Новак: Ако не игра на УС Опен, ќе дадеме се од себе да го освоиме!