Во овој момент во Струга се игра втората средба на меѓународниот турнир. Младиот тим на Алкалоид добро се држи против Вардар 1961, на полувреме има негатива од 12-10.
Актуелниот македонски првак водеше со 10-5 во 16 минута, но противникот брзо се врати во игра. Владо Недановски повика тајм-аут, прво тој го искара Карапалевски, а потоа Стоилов му се пушти на Лазаревски.
Столе се обиде да го корегира, а младиот пикер му врати. Ова беше доволно за да капитенот му го покаже местото и воедно да го потсети за хиерархијата во Вардар.