Се чини дека новиот второлигаш Арсими од Чегране, воопшто не се шегува. Како прво го ангажираа познатиот тренер Бујар Ислами, а потоа се засилија со неколку искусни играчи на Ренова.
Денеска луѓето од Арсими се пофалија дека успеале да ангажираат напаѓач од Шкупи, и тоа младиот Ерион Шуку, кој има само 18 години. Претходно играше како позајмен играч и во Слога Виница.
Инаку досега Арсими се засили и со Арѓент Гафури (Воска), Самир Фетаи, Бурим Садики, Вулнет Ислами, Азис Јамини (Ренова), Нинослав Здравковски, Емир Алиу и Леон Селими (Тетекс).
Да потсетиме дека на стартот од сезоната во ВМФЛ, Арсими игра дома против Вардар.