Брестовац: Испишавме една убава приказна за нас!

460

Давид Брестовац по завршувањето на ЕХФ шампионатот се најде во Ол-стар тимот. Заедно со Иван Галевски, беа одличен голмански тандем во Рига, знаеја како да го подигнат имот во тешките моменти, во финалето беа на ниво на задачата.

Брестовац покрај тоа што се најде во најдобриот тим, тој беше прогласуван и за играч на натпревар. Не го крие задоволството, вели дека трудот и максималното залагање на крајот вродија со плод.

„Пресреќни сме што го освоивме овој турнир. По два и пол месеци заедно, една убава приказна за нас, како генерација 2004/05. Бевме максимално сконцентрирани на тоа дека треба да го освоиме турнирот. Ние како генерација игравме и на турнирот во Варна, можеби таму не направивме резултат, не влеговме во полуфиналето, но на тоа се должи ова што победивме во Рига. Можам да кажам дека сме пресреќни“, вели големата голманска надеж.

Швајцарија беше противник во финалето, тежок противник, кој се чинеше дека веќе е на чекор до златниот медал, но нашите момци беа одлично подготвени.

„Финалето беше многу тежок натпревар, но чувството да се игра беше феноменално. Им благодарам на сите соиграчи затоа што го пружија максимумот. Со мојот колега голман Иван Галевски бевме максимално сконцентрирани не само на финалето, туку на сите натпревари. Многу добро бевме подготвени, за секој меч, Соколески ни помагаше се. Стручниот штаб правеше одлични анализи и сите имавме комплетни информации за сите, што треба да правиме. 
И кога губевме 20-22, знаевме дека можеме. Тактички бевме одлично подготвени. Нашите тренери ја чуваа за крај играта 5-1, што за мене беше клучна на натпреварот. Кога ја сменивме одбраната и почнавме да играме 5-1 постигнавме четири брзи гола, а не примивме ниту еден“. 

Со освојувањето на шмапионатот во Рига, нашите надежи заверија место на ЕП 2024 година и СП 2023 година.

ПретходноКонечно: Јунајтед кажа – ДА, Роналдо може да си оди!
СледноРистовски, Адеми и Барди во атак на групната фаза во Лигата на Шампионите!