Аргентинскиот фудбалер Дарио Бенедето направи скандал во својот клуб Бока Јуниорс со тоа што го претепал соиграчот Карлос Замбрано на полувремето на мечот со Расинг во аргентинската Примера. Натпреварот заврши без голови, а на полувреме во соблекувалната некогашниот репрезентативец го претепал својот соиграч. Прво двајцата усно се расправале, а потоа Бенедето го удрил со тупаница Замбрано со тоа што му оставил видливи траги од ударот на лицето.
Соиграчите реагирале со тоа што ги раздвоиле, а интервенирала и полицијата. По неколку минути играчите на Бока меѓу кои и споменатиот двоец излегле на теренот да го одиграат второто полувреме.
Бенедето играл до 69. минута, а потоа заминал на сослушување во полициска станица. Тренерот Уго Ибара не сакал да замени никого на полувреме иако бил сведок на тепачката.
😳 Carlos Zambrano terminó el 1T sin ninguna marca en el rostro, pero volvió al 2T todo “cagado a palos”… Según ESPN, y lo que cuentan en el Cilindro es que el central se habria cruzado con Benedetto en el vestuario.
BocaBaret. pic.twitter.com/fXD9cmT3mz
— FútbolPequenho 🏟 (@FPequenho) August 15, 2022
Après une dispute, Dario Benedetto 🇦🇷 s’en est pris à son coéquipier Carlos Zambrano, à la mi-temps de Boca-Racing 😅 #ExOM #TeamOM pic.twitter.com/5OStyk7MwH
— Infos OM (@InfosOM_) August 15, 2022