За првпат после 50 години во Серија А – едно поинакво отварање на сезоната!

441

Новата сезона во Серија А започна, а по првото коло ниту еден од десетте натпревари не заврши со реми. Ваков старт најсилното италијанско првенство не памети цели 50 години.

Последен пат вакво коло на стартот на една сезона имало во 1971/72, тогаш учествувале 16 клубови, за разлика од сега кога има четири повеќе.

Претходно пак првото коло без нерешен резултат се одиграло во далечната 1933/34 и 1934/35.

Инаку по првата рунда од Серија А, за првпат по подолго време екипите од врвот (Милан, Интер, Наполи, Јувентус, Лацио, Рома, Фиорентина и Аталанта), поточно Топ 8, успеаја да дојдат до победа.

 

ПретходноАнчелоти призна дека неговиот син бил клучен против Алмерија
Следно„ИГРАЈ КАЗИНО ВО ЖИВО И ПОБЕДИ”- нова наградна игра на 2WIN.MK