Кошаркарите на „тест“ против Црна Гора во Бар!

145

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (19 часот) во Бар ќе го одигра единствениот пријателски натпревар во рамките на подготовките за претквалификациските мечеви за пласман на Европското првенство 2025 година. Црна Гора треба да ја даде целосната слика пред почетокот на главните битки.

Селекторот, Александар Јончевски одбра 13 кошаркари, во составот ќе ги нема Ненад Димитријевиќ, кој ќе се приклучи на 17 август и Кристијан Николов, кој по враќањето на кошаркарите од Бар ќе му биде на располагање на предводникот на нашиот најдобар национален тим.

Македонија претквалификациите ги отвара на гостински терен против Данска на 25 август, три дена подоцна во Скопје ја пречекува Словачка. Покрај овие две репрезентација во групата со „црвено-жолтите“ е селекцијата на Норвешка.

СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА (БАР): Војдан Стојановски, Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.

ПретходноСити го претстави Серхио Гомез! (ФОТО)
СледноБодрете го Шкупи за 100 денари: Од денеска билетите за мечот со Балкани во продажба!