ЛШ: Барди дебитираше со пораз, Адеми и Ристовски минимално поразени во Норвешка (ВИДЕО)

423

Македонските интернационалци Адеми, Ристовски и Барди со гол-негатива се враќаат од гостувањата во Данска и Норвешка, каде нивните тимови ги одиграа првите средби од плеј-оф колото до групната фаза во Лигата на шампионите.

Динамо (З) на Ристовски и Адеми е поразен со 1:0 на гостувањето кај Бодо Глимт во Норвешка во меч во кој Хрватите пропуштија неколку одлични можности да се изборат и за реми. најизгледната ја имаше резервистот Петковиќ кој промаши зицер за 1:1, што сериозно ќе им ја олеснеше работата на „модрите“ на реваншот пред своја публика.

Нашите интернационалци ги одиграа комплетните 90. минути за загрепскиот состав.

Енис Барди дебитираше во неговиот нов тим Трабзонспор и тоа со пораз на гостувањето во Копенхаген. Барди влезе во игра во 58. минута кога Данците имаа водство од 2:0, по што со еден малку и среќен гол Турците преку Бакасетас успеаја да намалат на 2:1 и да се надеваат дека со триумф на домашен терен ќе успеат да се пробијат до групната фаза во ЛШ.

Во последниот меч вечерва, Глазгов Ренџерс и ПСВ одиграа 2:2. Гостите први поведоа, па Шкотите направија пресврт, за сепак, во 78. минута со голот на Обиспо, ПСВ да се избори за реми и одлична стартна позиција пред реваншот кој следната недела ќе го одиграат на домашен терен.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ПЛЕЈ-ОФ

ПРВИ СРЕДБИ:

Бодо – Динамо (З) 1:0

(Пелегрино 37’)

ФК Копенхаген – Трабзонспор 2:1

(Клаесон 9’, Лераргер 48’ – Бакасетас 79’)

Г. Рензерс – ПСВ 2:2

(Чолак 40’, Лоренс 70’ – Сангаре 37’, Обиспо 78’)

ПретходноНе ја фермаат ФИФА: Аргентина ќе плати казна, ама нема да го одигра мечот со Бразил
СледноЦелје убедливо против Бутел Скопје