Марко Ројс ја шокираше Германија….

1373

Капитенот на Борусија Дортмунд Марко Ројс (33), веќе цела деценија е еден од најдобрите германски фудбалери. Тој беше клучен играч на Борусија Менхенгладбах, а сега веќе е икона на Борусија Дортмунд.

Сепак со неговото признание кажано на еден подкаст, просто ја шокираше цела Германија, поточно фудбалската јавност во таа земја.

Јас ја респектирам Бундеслигата, долго време сум во неа, станува збор за квалитетна лига. Сепак треба да се каже дека повеќе сакам да гледам натпревар од Премиерлигата на пример Сити против Јунајтед, или меч од Ла Лига меѓу Барса – Реал отколку натпревар во Бундеслигата“ искрен беше капитенот на Борусија Дортмунд.

ПретходноЛиверпул и втор меч без победа – бод од „Енфилд“ си однесе Палас (видео)
СледноНедановски: Во Струга ќе ја темпираме формата за Нексе