Најголемиот трагичар во Серија А доби поддршка од својот клуб! (ВИДЕО)

184

Нема дилеми дека голманот Јонут Раду е најголемиот трагичар од сите фудбалери кои настапуваат во моментов во Серија А. Некогашниот голман на Интер лани се “прослави“ со потегот на деценија со кој ги остави „неро-аѕурите“ без титулата. Но ова не е крај, викендов уште во 1.коло во Серија А го остави својот нов клуб Кремонезе без бод и тоа откако си даде автогол во 95.минута.

Навистина страшно, што ли му се случува на романскиот репрезентативен голман кој веќе неколку сезони е во елитната лига во Италија.

Имено се играше 95.минута на мечот со Фиорентина на гости при резултат 2:2. И тогап кога сите мислеа дека таа балон – топка ќе биде лесен плен за Раду, тој сам си втурна во својата мрежа.

Каков глупав потег во своето деби.

Сепак и покрај се, од таборот на Кремонезе му ја даваат сета поддршка на својот нов голман.

Само прашање е до кога ќе трае таа поддршка.

ПретходноВо сабота официјално почнува ВМФЛ
СледноГо претепал соиграчот на полувреме, а реагирала и полицијата