Петковски: Ова беше прво финале за сите нас! Верувавме и кога губевме благодарение на тренерот!

165

Македонската кадетска репрезентација се злато на градите се врати од ЕХф шампионатот. Нашите надежи остварија пет победи во исто толку одиграни натпревари, освен финалето, сите останати средби ги добија доминантно. Во битката за медал, која значеше виза за ЕП 2024 и СП 2023 покажаа карактер, во моментите кога противникот се чинеше го има мечот, се вратија и се искачија на тронот.

Еден од лидерите на теренот беше Александар Петковски. Тој воедно е еден од тројцата Македонци кои се најде во Ол-стар тимот.

Петковски имаше бурно лето, беше присутен на сите три настапи на националните селекции. Беше дел од тимот на Медитеранските Игри, во Варна и во Рига.

„Сега од оваа гледана точка, чувството е прекрасно, навистина вредеше. Знаев дека мора да играм на сите првенства, иако се плашев за своето здравје. На крајот за да се дојдеме до успехот, мораше да биде тешко. Можам да кажам дека целата екипа и стручниот штаб беа крај нас играчите кога и да ни беше потребно и имаа разбирање. 

Финалето беше најтежок натпревар. На претходните натпревари одигравме солидно, имавме добра разлика и селекторот имаше простор да нè одмора повеќе. Во финалето влеговме како дебитанти, како генерација немаме играно ваков натпревар. Можам да кажам дека финалниот меч беше меѓу најслабите наши претстави, но Господ беше со нас. Верувавме сите во пресвртот и тренерот тоа ни го зборуваше дури и кога губевме. Тој нè натера да веруваме, кога губевме два разлика на тајм-аутот ни кажа дека ќе го освоиме трофејот и така се случи. Тоа беше клучно за кам-бекот на мечот. Многу сум среќен што оваа генерација ќе има можност да се развива на големи натпреварувања, на Европско и Светско првенство. Со тоа и на помалата генерација 200г одина ѝ дозволивме да биде дел од оваа приказна, да не мораат да го поминат овој пат. “, изјави Петковски.

Денеска на кадетите и стручниот штаб им се заблагодари првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов. Првиот човек на нашата „куќа на ракометот“ најави дека на Седница на Управен одбор ќе биде доставен предлог да се награди парично овој успех, а премијата ќе биде 700.000 денари.

ПретходноЛеонид Тодоровски ново име во Работнички!
СледноАрсими се засили со напаѓач на Шкупи!