По се она што се случи на вчерашниот меч меѓу Ливерпул и Кристал Палас, посебно по оној фамозен инцидент меѓу Дарвин Нуњез и Јоаким Андерсен, Данецот е во главна улога на социјалнте мрежи и тоа веројатно од фанови на “редси“. Имено познато е дека Андерсен го испровоцира домашниот фудбалер кој во стилот на Зидан го удри со главата во пределот на градите и се разбира Ливерпул остана со играч помалку.
Па така од како заврши натпреварот па и во текот на денешниот ден, фудбалерот на Кристал Палас добива постојано пораки, некои се и закани на социјалните мрежи, а дел од нив се и смртни закани.