Раде Стојановиќ: Оваа репрезентација покажа дека има квалитет!

240

И селекторот на нашата кадетска репрезентација Раде Стојановиќ не ја криеше својата гордост, секако и големо задоволство по еден ваков успех. Тој на свечениот прием што го приреди претседателот на РФМ Живко Мукаетов, на присутните новинари ги сподели импресиите на се она што се случуваше на ЕФХ шампионатот во Рига, каде Македонија го освои златото.

Оваа репрезентација поседува квалитет, тоа и го покажавме на овој турнир. Ние се надеваме дека нема да запреме тука. Да, финалето беше малку потешко, но сите останати натпревари ги добивме уверливо, ги одигравме на едно високо ниво. Ракометарите покажаа еден поинаков карактер, и не само што победуваа туку секогаш одеа до максимум. На некои мечеви имавме и десет разлика, а покажувавме борбеност, верба“ потенцираше селекторот.

Стојановиќ се наврати и на самиот финален меч со Швајцарија:

Морам да кажам дека почнавме со друга зона 5-1, но потоа се вративме на 6-0 со оглед на тоа дека тие имаа брзи играчи. Кога нивниот среден бек доби црвен картон се вративме во таа 5-1 зона, ги изненадивме. Тоа се покажа како одлучувачки момент зошто во последните минути од финалето покажавме друг менталитет. Секако дека момците веруваа во себе, во својот квалитет и на крајот стигнавме до посакуваната цел“ заврши Раде Стојановиќ.

No description available.

ПретходноЖивко Мукаетов: Горди сме на вас, продолжуваме да градиме успешна приказна!
СледноСтартува меѓународниот турнир во Струга – ракомет за сечиј „вкус“!