Вечерва се играат три натпревари, тоа се први мечеви, од плеј-офот во Лигата на Шампионите. Значи ова ќе биде последната пречка пред пласман во групната фаза во најелитното европско натпреварување.
Секако дека за нас најинтересен ќе биде настапот на Динамо Загреб, каде играат Стефан Ристовски и Аријан Адеми, но и на Енис Барди кој се очекува вечерва да го има своето деби во дресот на Трабзон и тоа на гостувањето кај Копенхаген.
“Модрите“ се фаворити против Бодо/Глимт, посебно ако се знае дека првиот меч вечерва се игра во Норвешка.
За медиумите во Хрватска, Стефан Ристовски по повод овој двомеч со Бодо/Глимт покрај другото напомена:
“Сите ние знаеме што носи овој двомеч со Бодо/Глимт. Вечерва не очекува важен натпревар, но овој Динамо Загреб заслужува да игра во групната фаза во Лигата на Шампионите. Нашиот клуб има големи цели, јас сум уверен дека можеме да стигнеме до тие цели“ рече капитенот на нашата репрезентација и десен бек на Динамо Загреб.
ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА
21:00: Бодо/Глимт (НОР) – Динамо Загреб (ХРВ)
21:00: Копенхаген (ДАН) – Трабзонспор (ТУР)
21:00: Ренџерс (ШКО) – ПСВ (ХОЛ)