РФМ ќе ги награди кадетите со премија од 700.000 денари!

859

Македонската кадетска репрезентација се врати со златото од Летонија. Прв по големиот успех ги пречека претседателот на РФМ, Живко Мукаетов Гордост е да се знае дека ракометна иднина имаме, млади момци со освојувањето на златото ги отворија портите за ЕП 2024 и СП следната година.

Инаку како што беше кажано раководството на РФМ ќе ги награди ракометарите со премија од 700.000 денари. Ова ќе биде побарано од УО на РФМ да донесе одлука за премијата.

Повеќе од јасно е дека оваа премија која ќе ја поделат нашите златни момци ќе биде уште поголем стимул за натамошна работа и успеси.

Од друга страна Ракометната Федерација на Македонија на чело со претседателот Живко Мукаетов докажува дека знае и тоа како да ги наградува и младите, како што тоа секогаш го прави.

Само нека има успеси и во иднина,секако дека ќе има и премии. РФМ не заборава на тоа.

No description available.

ПретходноМедведев за Новак: Ако не игра на УС Опен, ќе дадеме се од себе да го освоиме!
СледноЖивко Мукаетов: Горди сме на вас, продолжуваме да градиме успешна приказна!